Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСпоред ММФ економијата ни е стабилна

Според ММФ економијата ни е стабилна

Мисијата на ММФ во Скопје даде извештај и анализа на македонскиот финансиски пазар и се потврдува дека во Македонија барем во таа област има стабилност. Државата има макроекономска стабилност што значи дека постои баланс меѓу куповната моќ, доходите, трошоците и формирањето на цените(ниска инфлација), кредитниот раст, стабилниот извоз, како и редовноста на јавните финансии и инвестициите.

Токму тоа ќе придонесе за солиден економски раст од 3.2 проценти годишно што покажува дека економијата има можност за добри перформанси, а поволната бизнис клима може да ги потикне инвеститорите. Ризизи за мекедонската економија според ММФ се потенцијалната политичка криза меѓу водечките партии и негативни ефекти од соседна Грција која е во финансиски проблеми.