Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСпоменици за двајца загинати полицајци во Диво Насеље

Споменици за двајца загинати полицајци во Диво Насеље

Советот на општина Гази Баба донесе Одлуки за подигање спомен обележја на Бобан Ивановиќ и Горан Стојменовиќ, загинати припадници на македонската полиција во антитерористичката акција во кумановската Дива населба на 9 и 10 мај 2015 година. Тие беа жители на општина Гази Баба.

Спомен обележјето на Бобан Ивановиќ роден 1968 година ќе биде поставено во село Стајковци на плоштадот до Месната заедница, додека спомен обележјето на Горан Стојменовиќ роден 1970 година ќе биде поставено во населба Инџиково. Во полициската акција во Дива населба загинаа осум припадници на македонската полиција.