Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпоменикот на просветителот Богдани со грешни датуми?

Споменикот на просветителот Богдани со грешни датуми?

Критиките за поставување на уште една серија на споменици, без оглед што овој пат се работи за албански дејци кои недостасуваа во проектот Скопје 2014-та, не престануваат и сега се наведува дека датумите за раѓањето и смртта на бискупот Пјетер Богдани се погрешни.

bogdani 1000Lek

На споменикот кој доцна вечер беше поставен во парк Жена борец стојат датумите 1630-1686, но според повеќе историски извори, Богдани, кој се смета за основоположник на Албанската книжевност бил роден во село близу Призрен, во 1630 година или според други извори во 1625-та, а по враќањето во Приштина, починал во декември 1689 година.

Pjetër_Bogdani_1989_Albania_stamp

Се чека официјален одговор од изработувачот и нарачателот на споменикот и дали доколку станува збор за грешка таа ќе биде отстранета.