Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСпомен плоча за благодарност од македонскиот народ во Ватикан

Спомен плоча за благодарност од македонскиот народ во Ватикан

Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим како благодарност на македонскиот народ ќе биде поставена спомен плоча за осветување на книгите на Светите браќа Кирил и Методиј. Станува збор на иницијатива на претседателот Иванов чии долгогодишни барање денеска ќе бидат остварени додека е во посета на Ватикан.

ivanov i papata

– По неколкугодишен заеднички напор, мој и на Папата, се овозможи да искажеме благодарност од македонскиот народ за чинот што е случен во Рим, во црквата Санта Марија Маџоре. Како што е познато, во тој храм првпат се осветени светите книги кои се преведени на старословенски јазик и на тој чин Папата ги осветува книгите кои ги донеле Кирил и Методиј. Кога видов дека другите народи искажале благодарност, пред неколку години ја покренав иницијативата да ни се овозможи нам, како македонски народ, да поставиме спомен плоча во која ќе искажеме благодарност за тој чин, истакна Иванов по аудиенцијата кај папата Франциско.