Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСпојување на телекомуникациските оператори „Vip“ и „One“ од први октомври

Спојување на телекомуникациските оператори „Vip“ и „One“ од први октомври

Од први октомври 2015 се спојуваат двата правни ентитета, Vip и One, по што ќе се формира новa компанија оне.Вип ДОО Скопје, која сега е предмет на регистрација во Централниот регистер на РМ.

Новата компанија целосно ги презема сите права и обврски кои произлегуваат од досегашното работење на Вип и Оне, вклучувајќи ги и договорите кои корисниците ги имаат, а кои продолжуваат да важат под истите услови под коишто се склучени. Ова значи дека корисниците и понатаму ќе добиваат најдобри услуги, со највисок квалитет и непроменети цени, согласно тарифниот модел што го имаат избрано.

Оне.вип и понатаму ќе се фокусира на потребите на корисниците и ќе ја стимулира конкуренцијата, што ќе биде од полза на корисниците и понатамошниот развој на пазарот. Договорот за спојување на операторите беше објавен уште на 22-ри октомври 2014 година.