Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмСпилберг: Виртуелната реалност е опасност за филмовите

Спилберг: Виртуелната реалност е опасност за филмовите

Познатиот режисер Стивен Спилберг работи и како советник во една фирма во Лос Анџелес која се занимава со виртуелна реалност, но тоа не значи дека на него му се допаѓа како изгледа иднината на филмовите во која се користи виртуелната реалност. Во интервјуто кое го даде на фестивалот во Кан, Спилберг изјави дека виртуелната реалност може да биде опасна.

„Единствена причина поради која го реков тоа е бидејќи му нуди на гледачот доста ширина, односно гледачот не мора да го слуша говорникот туку може да донесува сопствени одлуки околу тоа во кој правец ќе се одвива дејството“, изјави легендарниот режисер. Меѓутоа и покрај песимизмот во однос на виртуелната реалност во филмовите, познатиот режисер и сам започна ВР проект со компанијата во која е советник.