Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпикерот и претставници на пратеничките групи утре на координација

Спикерот и претставници на пратеничките групи утре на координација

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за утре закажа координација меѓу претставниците на сите парламентарни партии, на која ќе се разговара за начинот на кој би се решил проблемот со локалната самоуправа. Од утре градоначалниците повеќе немаат мандат, а сите оптштински административни работи ќе бидат блокирани.

Доколку биде постигнат партиски договор околу датумот на локалните избори, тогаш истиот ден ќе биде можно и одржување на собраниска седница за измени на законите за продолжување на рокот на надлежностите на градоначалниците. Инаку, претставници на политичките партии, вчера без присуство на собранискиот спикер, самоиницијативно, се состанаа во Собранието, но според информации од медиумите, не бил постигнат договор.

Партиите вчера уште еднаш ги повторија своите спротивставени ставови. Останува да видиме дали пратениците ќе се согласат во интерес на граѓаните, бидејќи секојдневното живеење ќе биде отежнато.