Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСпецијалниот германски пратеник Хајндл утре во посета на Македонија

Специјалниот германски пратеник Хајндл утре во посета на Македонија

Германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, утре повторно ќе допатува во Македонија. Тој ќе се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино.

На Хајндл ова ќе му биде трета посета на Македонија за нешто повеќе од еден месец. При последната посета, на 19 мај, тој побара да се обезбеди непречена работа на Специјалното јавно обвинителство, а сите осомничени од аферата со прислушувањето да одговараат.

Тој нагласи дека сите политички партии треба да вложат напор за да ги спроведат потребните реформи затоа што нема многу време.