Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпецијалната обвинителка даде заклетва – За месец се фаќа за работа

Специјалната обвинителка даде заклетва – За месец се фаќа за работа

Катица Јанева по големата доверба укажана од политичките партии и меѓународниот фактор даде свечена заклетва со која ја превзема функцијата на специјален обвинител. Таа беше изгласана со консензус во Собранието и сега сите ги чекаат нејзините потези за случаите кои произлегоа од прислушуваните разговори, како и за случајот Пуч против Заев и четворица осомничени.

Јанева денес не даде детали за следните потези, туку посочи дека за еден месец ќе го состави својот тим на помошници и дека ќе ги превземе сите предмети. Правните експерти се поделени, дел веруваат дека има капацитет да одговори на предизвикот, додека пак други очекуваа некое поискусно име на жешката функција, но најважно е што партиите токму со нејзе ги закопаа „воените“ секири и го продолжија неопходниот политички договор за реформи.