Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпецијалната обвинителка би можела да постапува и за Монструм

Специјалната обвинителка би можела да постапува и за Монструм

Специјалната обвинителка Катица Јанева би можела да постапува и за случајот Монструм. Министерот за правда Аднан Јашари изјави дека ако има докази специјалната јавна обвинителка може да постапува за случајот „Монструм“. За овој случај во јавноста се зборуваше дека постојат прислушувани материјали кои не беа пуштени.

Министерот Јашари изјави дека дополнително ќе се утврдува дали ќе бидат под надлежност на Специјалниот јавен обвинител. Ако во конкретниот случај постојат такви докази врз основа на што специјалната обвинителка се смета како надлежна тогаш по службена должност ќе има потреба за поведување на постапка, изјави Јашари.

Инаку, Катица Јанева има на располагање две канцеларии во Министерството за правда, бидејќи понудените простории од Службата за општи и заеднички работи таа не ги прифатила – информира министерот. Со објавување јавен тендер за
обезбедување простории, во рок од пет дена обвинителката ќе биде обезбедена со простории.