HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаСпектакуларен роденден на Работнички, ѕвездите на Фенербахче на ниво

Спектакуларен роденден на Работнички, ѕвездите на Фенербахче на ниво

Кошаркарскиот клуб Работнички кој ја има најдолгата традиција во Македонија на спектакуларен начин го прослави 70-от роденден, а за шоуто се погрижија и ѕвездите на турски Фенербахче каде настапува и македонскиот интернационалец Перо Антиќ.

zvezdite-na-fenerbahce-10

Ревијалниот натпревар се одигра пред полни трибини со одлично навивање на скопската публика која покажа дека сака квалитетна кошарка.

zvezdite-na-fenerbahce-8-1

Работнички иако загуби убедливо со 92:60 не штедеше пофални зборови за гостите од Турција со искажана благодарност од тренерот Марин Докузовски.

zvezdite-na-fenerbahce-7

Исто така натпреварот имаше посебни емоции при испраќањето на македонската кошаркарска легенда Тодор Гечевски кој заигра за последен пат, еуфорично поздравен од публиката.

zvezdite-na-fenerbahce-3zvezdite-na-fenerbahce-11zvezdite-na-fenerbahce-13zvezdite-na-fenerbahce-14zvezdite-na-fenerbahce-2zvezdite-na-fenerbahce-1

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com