Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСпектакл во Стара чаршија – Крис Бул оди по жица висока 12 метри

Спектакл во Стара чаршија – Крис Бул оди по жица висока 12 метри

Атрактивни акробатски и музички точки воодушевуваат вечерва во Старата Скопска чаршија. Посетителите имаат можност да проследат вистински спектакл. Забавата започна во 19 часот, а ќе трае се до 2 часот по полноќ. Точките се изведуваат на платото поставено пред црквата Свети Спас , кај пивницата ,,Стар град”. Главна атракција е одењето по жица на англичанецот Крис Бул. Жицата е висока 12 метри без никаква заштитна подлога на земјата. Бул  стана славен минатата година кога својата  свадбената церемонија тој и неговата сопруга ја изведоа одејќи по жица.

 

Покрај атрактивниот акробат на жица, програмата предвидува  уште неколку точки од светски баскер изведувачи. Од 23 часот настап ќе  настапи бендот  Барбароса, а потоа Нина Јанева.