HomeДЕНЕШНАПолитикаСпецијалната обвинителка во лоша состојба го напушти Собранието

Специјалната обвинителка во лоша состојба го напушти Собранието

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и се слоши на вечерната сесија на Комисијата за политички систем во Собранието каде жестоко беше нападната од пратениците на владејачкото мнозинство кои се обидоа да ја дискредитираат на најразлични начини. Откако побарала кратка пауза било утврдено дека повеќе не може да продолжи и претседателот на комисијата Влатко Ѓорчев ја одложил седницата за утре.

Расправата се одвиваше во тензична атмосфера со многу дофрлувања и речиси омаловажувачки однос кон обвинителката Јанева. Таа на тешките прашања се обиде да даде одговори според прописите на работа на СЈО, но исто така одговараше и доста жестоко возвраќајки на провокациите дали има капацитет да ја носи функцијата.

Расправата за вториот извештај на СЈО се преточи во политички театар наместо фокусирање на суштината, а тоа утврдување дали се работи прописно и по закон и дали новата правосудна институција се соочува со целосна блокада од државните органи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com