Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасовски три пати им ја пушти Ивона Талевска дека Груевски ја прифатил платформата

Спасовски три пати им ја пушти Ивона Талевска дека Груевски ја прифатил платформата

Третиот ден од расправата на конститутивната седница на Собранието не донесе конструктивност и напредок во избор на комисијата за избори и именување, туку помина претежно во меѓусебни обвинувања. Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски посочи дека постои платформа, но таа е криминалната на власта во овие десет години и три пати на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им го пушти видеото во кое Ивона Талеска на последниот ден од преговорите со ДУИ во вестите на Сител посочи дека има договор за влада, а Груевски ја прифатил албанската платформа.