Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасовски со најмногу функции во новата влада

Спасовски со најмногу функции во новата влада

Владата на Република Македонија ја денеска ја одржа првата седница, на која премиерот Зоран Заев за вицепремиери ги именуваше министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и министрите без ресор Бујар Османи, Кочо Анѓушев, Хазби Лика.

Заев на другите министри без ресори им делегираше задолженија. Роберт Поповски, ќе биде задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Едмонд Адеми за дијаспората, Андан Ќахил, Зорица Апостоловска и Рамиз Мерко за странски инвестиции, Самка Ибраимовски за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, а Зоран Шапуриќ ќе работи на изготвување на регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

За нов генерален секретар е назначен професорот Драги Рашковски.

На Владината седница, како што се наведува во соопштението, се формирани и владините комисии за економски систем и тековна економска политика, за политички систем, за човечки ресурси и одржлив развој, за именување, за станбени прашања и за приватизација.

Владата исто така го формираше и Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, на кој ќе раководи е министерот Оливер Спасовски.