Tuesday, Oct 24, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасовски: Се потврдија тезите на СДСМ, во Македонија има фантомски гласачи

Спасовски: Се потврдија тезите на СДСМ, во Македонија има фантомски гласачи

Oliver Spasovski ...

-Сѐ е потврдено. После завршувањето на рокот за пријавувањето на спорните гласачи во Македонија, се потврдија сите тези на Социјалдеморкатскиот сојуз и на опозицијата, дека во Македонија има фантомски гласачи, запишани гласачи во Избирачкиот список коишто се злоупотребуваа за време на изборниот процес, изјави денеска Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, кој денеска е меѓу граѓаните на Струга.

„После рокот за пријавување, се докажа дека околу 30 илјади избирачи коишто се наоѓаа на Избирачкиот список во Македонија, не постојат. Не можеа да се пријават и со тоа се потврди тезата дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на изборите коишто се одржуваа досега во Македонија, сериозно го злоупотребувале избирачкото право на граѓаните на Македонија“, вели Спасовски.