Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасовски побара поддршка од 10 пратеници за да се премине на избор на претседател на Собранието

Спасовски побара поддршка од 10 пратеници за да се премине на избор на претседател на Собранието

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на почетокот на деветото продолжение на конститутивната седница, повикувајќи се на член 79 од Деловникот, побара поддршка од десет пратеници за да се премине на точката за избор на претседател на Собранието.

– Бидејќи е очигледно дека оваа расправа се користи за одолговлекување и за блокада на Собранието, јас барам поддршка од десет пратеници и Собранието да одлучи да ја прекинеме расправата по оваа точка и да се премине на четвртата точка за да се избере претседател на Собранието и за ова не одлучува претседавачот туку Собранието – рече Спасовски.

Претседавачот со седницата, поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, му реплицирапе на Спасовски, читајќи го членот 122, во кој стои дека не може да се премине на следната точка додека не заврши претресот по започната точка од дневниот ред. То ова, Вељаноски даде пауза од 15 минути.

Претходно, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски одговорајќи на барањето на Спасовски, рече дека претресот за оваа точка треба да трае додека не се исцрпи листата на пратеници пријавени за зборување. Тоа што пратеници поднеле предлог за избор на претседател на Собранието не ја исклучува можноста тоа да го направи и Комисијата за избори и именувања кога ќе биде избрана, додаде Димовски.