Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасовски не се појави на распит во ОЈО

Спасовски не се појави на распит во ОЈО

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска требаше да се појави на распит во Основното јавно обвинителство, но не се појави. За медиумите, Спасовски изјавил дека не добил покана од обвинителството.

Распитот е во рамки на предмет на истрага на обвинителството за наводни сомненија за лажирање на финансиските извештаи на СДСМ, како и начинот на финансирањето на партијата.

Во петокот во ОЈО на распит беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој изјави дека Јавното обвинителство отвора контра истрага на секоја нова истрага на Специјалното јавно обвинителство и дека ќе докаже дека работел согласно законите.