Tuesday, Aug 22, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасовски: Личните карти се фалсификат, обвинителство води истрага

Спасовски: Личните карти се фалсификат, обвинителство води истрага

Новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски одговараше на пратенички прашања поставени од Александар Николовски за лажните лични карти. Министерот одговори дека досега е откриено дека личните карти се фалсификувани според вештачењето направено во МВР и украден им е идентитетот на 90 лица од повеќе градови во Македонија. Затоа истрагата е во тек и ја води јавното обвинителство, додека пак МВР постапува по нивните барања. Според Спасовски најважно е да се води професионална и квалитетна истрага и да се открие кој стои зад фалсификувањето и за какви цели.