HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасовски: Крај на тефтер судството, МВР ќе го исчистиме од криминалци

Спасовски: Крај на тефтер судството, МВР ќе го исчистиме од криминалци

Актуелниот министер за внатрешни работи од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, на Конгресот на партијата ја посочи визијата за реформи во правосудниот систем и во полицијата кои ќе бидат целосно департизирани и ослободени од сите нелегални притисоци.

Нема место за тефтер судии туку за судии за кои ќе важи правдата за сите граѓани без разлика на етничка и верска припадност, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски на конгресот на СДСМ говорејќи за она што го планира СДСМ во безбедноста и судството, пренесува plusinfo.

– Ќе ги намалиме судските такси, ќе воведеме бесплатна правна помош за одредена категорија на граѓани. Промените во правосудството се неизбежни, зашто граѓаните бараат измени, ние ќе водедеме независно правосудство – рече Спасовски.

Спасовски најави јавно обвинителство по мерка на граѓаните и законите.

Тој рече дека СДСМ ќе го деполитизира МВР

– Во МВР нема место за криминалци. Ќе го исчистиме МВР од најголемите криминалци. Довербата ќе ја добиеме со деполитизација на полицијата, МВР нема да биде ничиј партиски штаб. Ќе формираме полициски обдусман. Полиција која ќе се геижи за безбедноста на граѓаните, полиција која ќе гои штити децата и граѓаните. Ќе воведеме маалски полицаец. Ќе изградиме полиција која ќе се грижи за стандардот на врабoтените – изјави Спасовски.

Извор: plusinfo.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com