HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасовски: Како може самиот да си направам пуч, СЈО мора да ја изврши истрагата во УБК

Спасовски: Како може самиот да си направам пуч, СЈО мора да ја изврши истрагата во УБК

Oliver Spasovski ...

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, одговори на обвинувањата на Митко Чавков дека сакал да ангажира Алфи вооружени со автоматско оружје кое категорично го негира бидејќи не може самиот на себе да си направи пуч во МВР и побара на Катица Јанева и СЈО да им се овозможи целосно да ја спроведат истрата со почитување на судските наредби.

– Едно мора да биде јасно, законот мора да се почитува, а судските наредби мора да се спроведат за да може на СЈО да му се овозможи да ја заврши својата работа, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

За забраната и проверката на документациите на СЈО од страна на вработен во МВР, тој најави детална истрага на отсекот на внатрешната контрола на МВР.

– По првиот неуспешен обид тимот на СЈО да се сретне со директорот на УБК, се обидов јас да му пренесам да ги прими, но тоа не се случи. Тие имаат судски налози и бараат само тоа што им одобрил судот. Не е вистина дека со тоа ќе се наруши безбедноста на државата – рече Спасовски кој за најголем куриозитет од прес-конференцијата на дополнителниот заменик министер Оливер Андонов го издвои делот од изјавата, дека барањето на СЈО за податоци од УБК може да ја загрози националната безбедност.

За обвинувањата на Андоновски дека Спасовски правел пуч во МВР, тој рече:

– Како може јас, кој раководам со МВР, да правам планови за си направам пуч сам на себе – праша Спасовски.

За двајцата техничари од УБК кои, официјално, се надвор од земјава поради што СЈО нема пристап до опремата, Спасовски оцени дека само директорот на УБК знаел кај се тие и тој требало да објасни.

– Тој ги има и податоците колку точно техничари имаат овластување да оперираат со системот. Сите податоци што ги бара СЈО може да бидат извлечени онлајн, а ПИ-мерките кои се во тек да продолжат да функционираат – рече Спасовски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com