Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасовски: Имам признанија од МВР дека нелегално издавале лични карти за избори

Спасовски: Имам признанија од МВР дека нелегално издавале лични карти за избори

Бурен политички новогодишен пречек најави опозиционата СДСМ со откривање на нови детали за издавањето на лажни лични карти кои се користеле за време на локалните избори во 2014-та. Според техничкиот министер Оливер Спасовски досега добиле признанија од повеќе службеници во МВР дека незаконски се издавале лични карти на гласачи од Пустец, Албанија кои биле регистрирани во општина Центар.

Пронајдени се околу 430 лица кои се регистрирани во избирачкиот список во изминатите години, а истите биле сместувани во станови во државна сопственост. На една иста адреса има регистрирано по 20 или 30 лични карти, а за овој „подвиг“ Спасовски проценува дека се вмешани многу државни институции, покрај МВР. licni-karti-1

„По 20, 30, луѓе од овие 424 лица се водат на една адреса. Направив проверка во избирачкиот список. Сите 424 лица со незаконски лични карти се наоѓаат во избирачкиот список, што значи им било овозможено да гласаат! Според нивните адреси, сите се гласачи во општина Центар. Направив проверка на едно избирачко место, по случаен избор. Во 2011 година ги нема во избирачкиот список. Избирачкиот список почнува да се полни со овие лица во 2013 година. Во 2014 година се надградува и проширува избирачкиот список со нови лица од Пустец кои гласаат во општина Центар. Кулминација на полнењето на избирачкиот список со лица од Пустец се случува во 2015 година. Сите, освен тројца во истото избирачко место се граѓани од Пустец. Ова покажува индиции за криминал во повеќе изборни циклуси“, стои во соопштението на министерот Спасовски.

licni kartiМВР ги откри и целосните листи на лица кои добивале лични карти и се наоѓаат на избирачкиот список.