Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасовски ги повика демонстрантите да гледаат партнер во полицијата, а не непријател

Спасовски ги повика демонстрантите да гледаат партнер во полицијата, а не непријател

На денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, им порача на граѓаните протестите да се одвиваат мирно и без инциденти. Спасовски истакна дека протестите се право на секој граѓанин, но само доколку се одвиваат мирно и без насилство врз полицијата. Тој истакна дека во полицијата треба да се гледа партнер кој е овде за да ги заштити граѓаните.

„Работа на полицијата е да го обезбеди јавниот ред и мир. Полицијата цело време беше присутна, но тие се селеа заедно со демонстрантите од место на место. На внатрешна контрола на СВР Скопје им е дадена задача да испитаат дали на протестите имало прекумерна употреба на сила од страна на полицијата“, изјави Спасовски. Исто така истакна дека на вчерашните протести имало 13 повредени и дека наредби издавале оние кои биле задолжени за тоа.

Тој апелираше до новинарите на протестите да бидат видно обележани за полицијата да може да ги разликува од толпата. Министерот за внатрешни работи апелираше и до организаторите на протестот да ги најавуваат и да ги пријавуваат протестите.