Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасовски: БЕСА не се повлекла од парламентарното мнозинство

Спасовски: БЕСА не се повлекла од парламентарното мнозинство

Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, во вчерашното гостување на 24 Анализа на ТВ 24 посочи дека сеуште постои парламентарно мнозинство од 67 пратеници и дека БЕСА засега не ги повлекла своите 5 потписи.

Проблеми во коалицијата настана откако СДСМ го поддржа Талат Џафери од ДУИ како кандидат за нов претседател на Собранието што наиде на осуда од страна од БЕСА. Исто така Артан Груби од ДУИ посочи дека однесувањето на БЕСА е неприфатливо и постојат недоразбирања што може да ја наруши коалицијата.

Сепак, Спасовски вели дека за ваквите изјави треба да се бара одговор од самиот Груби. Во продолжение погледнете го целото издание на 24 Анализа со Оливер Спасовски на оваа и многу други теми за актуелната институционална криза.