Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасов: САД и ЕУ треба да го санкционираат Иванов по заканите за апсење на Заев

Спасов: САД и ЕУ треба да го санкционираат Иванов по заканите за апсење на Заев

Поранешниот пратеник на СДСМ, Ѓорги Спасов смета дека САД и ЕУ треба да воведаат сериозни санцкии за претседателот Ѓорге Иванов по заканите за апсење на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изнесени во интервјуто за виенскиот весник „Вијенер Цајтунг“.

„Хапсиќемо Власија – така се закануваше и Милошевиќ од Газиместан и заврши како што заврши во Хаг. Не го давал мандатот бидејќи Заев не бил зрел и бил уценет за разлика од Груевски кој е зрел и независен.

Ако продолжела блокадата која тој ја прави излезот бил нови избори. Но ако на тие избори пак има мнозинство Заев со партиите на Албанците тој пак нема да го даде мандатот.

Во стилот “Вие новинарите треба да знаете што е тоа разумен комромис” тој од новинарите бара да дознаат кој со еден телефонски повик ја расипал веќе договорената коалиција меѓу ВМРО и ДУИ врз основа на тиранската платформа.

Мрачни сили стоеле зад планот на Заев и тоа биле тие што му ги дале прислушуваните разговори за тој да дојде на власт. Но Иванов не кажува кои се тие туку само тврди дека Заев ќе завршел во затвор пред да бидат распишани нови избори.

Ако биде составена влада без тој да го даде мандатот таа влада ќе била нелегална а сегашната техничка со полн капацитет.

На Заев не му дава мандат и заради тоа што ќе носел закони во корист на Албанците кои тој ќе морал да ги поништува и така Заев него ќе го претставел како антиалбанец, а тоа била перфидна игра на Заев.

Ако по овие отворени закани од страна на Иванов, тој не биде изложен на сериозни санкции, тогаш САД и ЕУ ќе го доведат во прашање сериозно својот углед во демократската јавност во Македонија, пишува Спасов на својот Фејсбук профил.