Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСпаска Митрова изгуби и во Стразбур

Спаска Митрова изгуби и во Стразбур

Македонија не извршила прекршок во однос на членот 8 од Европската конвенција за човекови права со кој се гарантира правото на почитување на приватниот и семеен живот зашто сите државни органи кои биле инволвирани и одлучувале во предметот, постапувале согласно судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и го имале предвид најдобриот интерес на детето.

Ваков заклучок донел Судот во Стразбур по апликацијата поднесена од Спаска Митрова за повеќето одлуки донесени од управните органи и судските инстанци во Република Македонија, со кои биле уредени правата на видување, чување, воспитување и издржување на нејзиното дете, Сузана Савиќ.

Како што соопшти в.д. директорот на Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП Костадин Богданов, пред Европскиот суд за човекови права Митрова се жалела по однос на изречената затворска казна поради нејзиното одбивање да дозволи видување на нејзината ќерка со поранешниот сопруг, како и на пресудата на Врховниот суд на РМ со кое и било одземено правото на чување, воспитување и издржување на нејзината ќерка.

Савиќ по разводот на нејзините родители во 2007 година, била ставена под старателство на нејзината мајка Спаска Митрова.