HomeДЕНЕШНАСветСпасени 5.600 мигранти во Медитеранот за еден ден

Спасени 5.600 мигранти во Медитеранот за еден ден

Повеќе од 5.600 мигранти денеска се спасени од чамец во близина на Либија во само еден ден, што од почетокот на мигрантската криза е една од најопсежните акции за спасување, соопшти италијанската крајбрежна стража.

Спасувачите акцијата ја извеле на третата годишнина од хаваријата на бродот со мигранти кој се запали и потона во близина на островот Лампедуза, при што загинаа 366 луѓе, а трагедијата го предупреди светот на драматичните настани во Средоземјето.

Спасувачите пронашле 40 пловила со мигранти, кои сите биле претоварени. Станува збор за гумени чамци, пет рибарски бродови и два сплава.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com