Saturday, Apr 20, 2024
HomeСТУДЕНТУМСпас за студентите: Еве начин како да се ослободите од плаќањето на ќирија!

Спас за студентите: Еве начин како да се ослободите од плаќањето на ќирија!

Кристофер Керк е 21-годишен студент од Мичиген. Нему му било смачено од плаќањето на високите цени за сместување во студентскиот дом па одлучил сам да си направи куќа!

Тој си направил сопствена куќичка во која моментално живее и за која не мора годишно да плаќа 20.000 долари, цена која морал да ја плаќа за сместување во студентскиот дом.

Тој вели дека уште на почетокот на самото студирање не му се допаднал начинот на животот во домот, па така бил принуден да бара нови алтернативи и сите пари кои ги давал за ќирија во домот се одлучил да ги искористи за нешто друго.

За изградбата на оваа куќичка тој потрошил 13.000 долари, но само по една година напорна работа, тој денес е сопственик на куќа во која има купатило, соларни панели кои се сосема доволни за полнење на мобилен телефон и компијутер.

Греењето е на плин, што може да биде проблематично, бидејќи според експертите во ваквите куќи може лесно да дојде до пожар.

Интересен е фактот што Кристофер порано немал направено ништо слично, а оваа куќа ја направил благодарејќи на јутјуб и клипови со совети како да се направи ваква куќичка.