Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанати„Спартанците“ повторно се закитија со сребро, Ристоски горд на своите херои

„Спартанците“ повторно се закитија со сребро, Ристоски горд на своите херои

Одбојкарите повторно беа толку блиски, а толку далеку од европскиот трон. Селекцијата на Естонија покажа поцврст карактер во финалната средба со нашите „спартанци“ кои стигнаа до златото со победа од 3-0 во сетови, со што го освоија второто сребро во низа. Со учинок од 7 победи и единствениот пораз од Естонија, црвено-жолтите момци и тоа како треба да бидат задоволни од учинокот кој го остварија во овогодинешната Евролига.

Интерпретацијата е веќе сумирана, а македонскиот тренер на прес конференцијата по мечот имаше само пофални зборови за своите избраници:


Најпрво, честитки до Естонија. Јас на прес конференцијата пред турнирот кажав дека тие се најголеми фаворити за златото. Денеска тие беа подобри од нас во сите елементи, но без разлика на тоа јас сум горд на моите играчи. Тие се вистински национални херои. Седум победи, еден пораз и сребрен медал. Мислам дека тоа во моментов е најдоброто што можат да го постигнат. Исто така сакам да му се заблагодарам на домаќинот за фантастичните услови овде во Варна, како на првиот турнир, така и сега на фајналфорот. Се беше перфектно, ќе се сеќаваме на Варна со насмевка. Имаме одлични спомени и ќе биде добро повторно да се вратиме тука.