Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСпалети на лето ќе го предводи Интер!

Спалети на лето ќе го предводи Интер!

Италијанскиот фудбалски тренер Лучијано Спалети изјави денеска дека се согласил да ја предводи екипата на Интер и дека останале само формалности за потпишување на договор.

“Се е на место. Ние се ракувавме. Старомодни сме ние ги решаваме работите со ракување”, рече Спалети за италијанските медиуми.

Спалети одпатувал за Кина, за да се сретне со лидерите на Санинг групацијата, компанијата која е сопственик на Интер.

Веста за неговото преземање на Интер беше потврдено и од страна на спортскиот директор на клубот Пјетро Аусилио, кој го испрати до аеродромот Малпенса во Милано.