Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСпа и фитнес центар на ново ниво

Спа и фитнес центар на ново ниво

Секој што практикува здрав и активен начин на живот, при само еден поглед може да процени што значи квалитетно опремен и уреден спа и фитнес центар. Новоотворениот центар од овој тип во склоп на Скопје Мериот ги нуди највисоките стандарди во содржините на фитнес вежбањето и во специјализираните простории за најразлични спа третмани, како продолжение на целосното третирање на телото.

MH_SKPMC_Spa_Relaxing_Area_02

Скопје Мериот спа и фитнес центарот е уреден соодветно потребите, но на едно повисоко естетско и функционално ниво, притоа нудејќи беспрекорно и совршено релаксирачко искуство.

Фитнес центарот располага со најновата линија машини за вежбање од програмата на TechnoGym, кои што може да се користат со личен тренер или пак самостојно. Бројноста на опремата може да понуди основни, но и комплексни, напредни програми за фитнес дефинирање на телото, како за мажи така и за жени. Додека пак во продолжение, во ултра модерен, мирен и комфорен амбиент следат специјализирани простории за професионални масажи, спа третмани, третмани за убавина, користење сауна и џакузи, третмани и детоксикација на телото што имаат моќ да ја вратат виталноста и енергијата.

MH_SKPMC_Fitness

Во спа центарот на Скопје Мериот за третманите се користат исклучиво производите од висококвалитетниот елитен бренд, Џун Џејкобс, познати по својот микс од природни ботанички состојки и патентирани антиоксиданси.

MH_SKPMC_Spa_Relaxing_Area_01

Во Скопје Мериот спа и фитнес центарот на располагање на клиентите се обучени физиотерапевти, професионалци, секој во својата област, кои ќе ви приредат единствено искуство и неверојатно уживање.

Сето тоа е достапно во амбиент и атмосфера создадена за релаксација и нега, што овозможува детоксикација и благотворна релаксација, и позитивно влијае на општата здравствена состојба, имунитетот и расположението.