Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманСовршенство од Италија: Брза и вкусна панакота

Совршенство од Италија: Брза и вкусна панакота

Ако никогаш не сте имале можност да го пробате овој традиционален италијански десерт, ова е вистинскиот рецепт за вас и можност за лесна и брза подготовка кога ви е потребна блага закуска.

Потребни состојки:
* 500 мл. слатка павлака
* 500 мл. млеко
* 3 лажици желатин
* 50 гр. шеќер

За прелив:
* 175 гр. шеќер
* 175 гр. вода
* ликер од цреши
* 350 гр. малини

Начин на подготовка:
Ставете го желатинот во ладна вода. Потоа, загрејте ги слатката павлака, млекото и шеќерот во сад на умерена температура. Доколку смесата започне да врие намалете ја температурата и мешајте околу 10 минути. На крајот додадете го желатинот и убаво измешајте, тргајќи го тенџерето од оган. Истоимената смеса ставете ја во шолји или навлажнети калапи и оставете ја во фрижидер да се излади 4 до 5 часа.

Следен е преливот. За да го направите, ставете ги состојките во тенџере на оган и почекајте додека да зовријат. Оставете да вријат некое време додека не ја добиете посакуваната густина на сосот.

На крајот, извадете ја изладената панакота и прелијте ја со преливот од малини, украсувајќи со ливчиња нане. Добар апетит.