Tuesday, Mar 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРЛитература,,Современи дијалози" во Битола ги награди најдобрите од областа на литературата и културата

,,Современи дијалози" во Битола ги награди најдобрите од областа на литературата и културата

Во рамките на ,,Бит-фест” синоќа во Битола се одржа   традиционалната манифестација „Современи дијалози“ на која беа доделени годишните награди и признанија за истакнати личности кои директно придонесуваат во развојот на литературата и културата на национално ниво, а воедно беше промовирано и најновото издание на истоименото списание – „Современи дијалози“.

Годинешен добитник на наградата за животно дело за висок уметнички придонес во македонската литература е писателот Радован П.Цветковски, награда за постигнувања во поезијата му беше доделена на поетот Панде Манојлов, а за успешно менаџирање на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола беше награден директорот на таа национална установа Науме Георгиевски

На синоќешниот културен настан во Битола награда за придонес во книжевноста и беше доделена на професорката по македонски јазик Милица Димитријовска-Радевска, награда за придонес во драмската уметност му беше доделена на актерот од битолскиот театар Петар Горко, додека награда за директен придонес и афирмација на македонската литература и култура, како и за стручните авторски дела му беше доделена на новинарот на МИА, Марјан Танушевски

 

 

“.