Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСоветот за етика со осуда за медиумите кои повикуваат на насилство

Советот за етика со осуда за медиумите кои повикуваат на насилство

Реакции за штетните написи во медиумите кои шират говор на омраза и нетолеранци, па дури и повикуваат на насилство и мобилизација. Советот за етика во медиумите реагираше на подбуцнувачките известувања на дел од медиумите кои емитуваат изјави на разни личности кои повикуваат на меѓуетнички судири во земјава. Според нив, таквите известувања, во актуелната политика влијаат негативно на безбедноста на граѓаните, на јавниот интерес и на слободата на медиумите. Советот бара од надлежните институции да преземат мерки во согласност со законите.

„Вознемирувачки е начинот на информирање во некои медиуми, каде што главно место зазема пристрасното информирање и информирањето кое поттикнува страв од можно влошување на ситуацијата, вклучувајќи го и повикот за мобилизација во служба и заштита на одредени политички партии. Медиумите имаат посебна улога во заштитата на граѓаните од изразената нетолеранција, недоверба и нивната заштита од опасноста од насилство“ – се вели во реакцијата на Советот за етика.