Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСоветот на обвинители го прифати барањето за разврешување на Зврлевски

Советот на обвинители го прифати барањето за разврешување на Зврлевски

Со мнозинство од 8 гласа „За“ и само еден против и тоа на претседателот Петар Аневски, Советот на јавни обвинители го поддржа барањето на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, пишува А1он.

На седницата не присуствуваше Марко Зврлевски, но и членот Зоран Сулејманов. Зврлевски доставил мислење до Советот, но во моментот се формулира одговорот до Владата.

Барањето за мислење од Советот стаса минатата недела по одлуката на Владата да побара разрешување на Зврлевски.