HomeДЕНЕШНАЕкономијаДритон Кучи: За промена на законот за енергетика ќе се чека по изборите

Дритон Кучи: За промена на законот за енергетика ќе се чека по изборите

Советот на министри на Енергетската заедница на денешниот состанок изгласа листа на заеднички проекти во енергетската инфраструктура, како и европските директиви во делот на животната средина.
14697215_1622043661170891_1024827718_oМинистрите од земјите потписнички на Договорот, меѓу кои и македонскиот министер за економија Дритон Кучи, дискутираа за реформирање на Договорот за основање на Енергетската заедница и се согласија за почеток на преговорите за негови измени и дополнувања, процес кој треба да заврши до наредниот министерски состанок во 2017 година, соопшти Министерството за економија на Република Македонија.
2Македонија усвои дел од заклучоците на состанокот, но за промена на законот за енергетика ќе се чека по изборите. Сега се можни мали измени – вели министерот Кучи во кратка изјава за Позитив.мк
driton
На состанокот на Советот е дискутирано и за регионалните иницијативи, кои претставуваат одговор на енергетските барања на договорните страни, а Грузија пристапила кон Договорот за основање на ЕЗ, како најнов член, додека Белорусија, по нејзино барање, добила статус на држава-набљудувач кон Договорот. Актуелниот претседавач со Енергетската заедница Босна и Херцеговина, го предаде претседавањето за следната година на Косово.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com