Sunday, Dec 8, 2019
HomeДЕНЕШНАПолитикаСоветот на јавни обвинители треба да расправа за оставката на Аневски

Советот на јавни обвинители треба да расправа за оставката на Аневски

sovet na javni obviniteli

Советот на јавни обвинители денеска треба да расправа за оставката на Советот, Петар Аневски, кој во вторникот ја поднесе поради лични и семејни причини.

Аневски во вторникот соопшти дека без разлика на оставката, тој и понатаму останува на функцијата член на Советот на јавни обвинители, каде мандатот му завршува во 2020 година.

Аневски, кој доаѓа Вишото обвинителство во Битола беше избран за претседател на Советот на јавни обвинители од 30 јуни 2014.

Согласно Законот за Советот на јавни обвинители на РМ, претседателот на Советот го избира 11-члениот Советот, од редот на избраните јавни обвинители, со мнозинство гласови од вкупниот број членови со тајно гласање.