Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСоветот на Гевгелија треба да ја спроведе одлуката на граѓаните

Советот на Гевгелија треба да ја спроведе одлуката на граѓаните

Вчера се спроведе успешен референдум во Гевгелија, на којшто граѓаните се изјаснија апсолутно против отворање на рудник на територијата на градот. По изгласаниот референдум, Советот на општината е должен да ја спроведе одлуката на граѓаните. Законски, одлуката што ќе се изгласа на референдум е обврзувачка и нејзиното спроведување е задолжително.

Од здружението „Спас за Гевгелија“ велат дека граѓаните го одбраниле својот град и дека во иднина никој не може ниту да побара експлоатација на земјиштето, а уште помалку да го користи за вадење метални суровини.

По иницијативата во Гевгелија, слични здруженија се формираа и во повеќе општини од југоисточниот дел на Македонија, чија цел е слична како на жителите на Гевгелија – спречување на експлоатација на земјишта за бакар и злато во овој регион.