HomeАЈНШТАЈНИЈААтласСовети „За не дај боже“: Како да се преживее нуклеарна војна?

Совети „За не дај боже“: Како да се преживее нуклеарна војна?

nuklearna

Се додека постојат арсенали на нуклеарно оружје, постои и можноста тоа да биде искористесно. Во денешниот свет се зголемуваат тензиите меѓу нуклеарните сили, а можноста за нуклеарна војна се враќа на нивото какво што беше за време на Студената војна. Нуклеарната војна сепак не мора да значи крај на човечката раса. Со мали подготовки, придржување на некои основни правила и многу среќа, можно е да се преживее дури и најлошата верзија на радиоактивниот армагедон.

Подготовка пред нападот

1. Имајте подготвен план
Во случај на нуклеарен напад најмалку 48 часа не смеете да излегувате на отворено. Треба да имате се што ви треба да преживеете барем за тој прв период.

2. Соберете резерва од храна што не се расипува
Ориз, грав, шеќер, мед, овесни снегулки, тестенини, млеко во прав, сушено овошје и зеленчук – можат да траат со годии и да содржат многу калории во однос на својата маса. Секогаш кога одите во продавница, купете една или две намирници од листата додека не ја соберете својата резерва.
Не заборавајте отварач за конзерви.

3. Подгответе резерви со вода
Идеално би било да имате околу четири литри по лице на ден. Водата чувајте ја во пластични контејнери за вода за пиење.

4. Набавете уреди за комуникација
Ако сте информирани, голема е веројатноста дека ќе преживеете подолго. Треба да имате барем радио приемник, за да можете да ги слушнете известувањата од владата и службата за спасување. Корисно е да имате и свирче, како и соларен полнач за својот мобилен телефон. Не се знае дали мобилната мрежа ќе остане активна, но треба да бидете подготвени ако проработи.

5. Имајте резерва на лекови и прибор за прва помош
Треба да имате барем стандардна кутија за прва помош, со стерилни гази и завои, антибактериска маст, гумени ракавици, ножици, пинцета, топломер и ќебе. Набавете или испринтајте и упатства за прва помош: како се врзуваат рани, како се лечи шок и изгоретини.

6. Набавете резерва на друга корисна опрема
Би било добро да имате батериска лампа и резерва батерии за неа и за радиото. Маски за прашина, пластична фолија, леплива трака, вреќи за смет, влажни марамчиња… Имајте и алат за затварање на вентил за гас и вода.

7. Останете информирани
Редовно следете ги вестите. Нуклеарниот напад веројатно нема да дојде ненајавен. Ќе му претходат повеќедневни или повеќенеделни зголемени тензии меѓу нуклеарните сили, веројатно поттикнати од насилен инцидент или конвенционален воен судир.

8. Размислете за евакуација
Ако се наоѓате во град кој би можел да биде на удар, размислите за бегање на некоја друга локација. Во случај на нуклеарна војна, најмногу на удар се седиштето на владата, воените бази, товарните пристаништа и аеродромите кои имаат писти подолги од три километри. Во случај на тотална војна веројатна цел се и индустриските комплекси, како и големите урбани центри.
nuklearna-1

Преживување по нападот

1. Веднаш побарајте засолниште
Блесокот од светлината на нуклеарната експлозија се гледа на дваесет километри. Ако се наоѓате внатре на пет километри од експлозијата, веројатно ви нема спас, но ако се наоѓате подалеку можеби имате време да реагирате.

Ќе имате околу 10 до 15 секунди време пред да дојде до вас топлотниот удар, кој предизвикува изгоретини од трет степен, како и 20 до 30 секунди пред да дојде до вас ударниот бран. Ако не можете да стигнете до скривница, побарајте било каква дупка на теренот и легнете со лицето надоле, покривајќи кожа колку повеќе можете. Ако нема некоја вдлабнатина, копајте што побрзо. Топлотниот удар ќе ви ја изгори кожата на оддалеченост од 32 километри, а ветерот од ударниот бран ќе ве стигне со брзина од 960 километри на час.

Ако немате други опции, влезете во најблиска зграда, но само ако сте сигурни дека нема многу да биде оштетена. Зависно од квалитето на изградбата, многу станбени згради на оддалеченост од 11 километри од експлозијата ќе бидат уништени. На подалечните згради ќе прснат стаклените прозорци, па бидете што подалеку од нив.

Бидете подалеку од запаливи работи. Најлонските ткаенини и било какви материјали од нафта ќе се запалат од топлотниот удар. Никако не гледајте во експлозијата, дури и кратко време на изложеност може да предизвика слепило.

2. Пазете се од радиоактивните честички
Првиот бран на радијацијата по нуклеарната експлозија е најопасен, но лицата кои ќе бидат изложени на него прво ќе настрадаат од самиот ударен бран на експлозијата.

Ако сте ја преживеале самата експлозија, најголема опасност претставуваат радиоактивните честички кои по експлозијата топлиот воздух ги крева во атмосферата, па потоа паѓаат во форма на фина прашина носена со ветерот или како „црн дожд”. Таквите честички ги загадуваат изворите на вода, нивите и претставуваат трајна опасност за престој на отворено.

3. Зацврстете го своето засолниште против радијацијата
Набијте земја на ѕидовите, или било што, што ќе можете да дофатите. За да намалите својата изложеност на радијацијата на само еден промил, ви треба заштита од 21 сантиметар челик, 70 сантиметри камен, 66 сантиметри бетон, 2,6 метри дрва, 1 метар земја, 2 метра мраз или 6 метри снег.

4. Останете во скривницата најмалку 200 часа
Планирајте да останете барем осум до девет дена во своето прво засолниште. Првите 48 часа воопшто не го напуштајте засолништето, додека понатаму излегувајте што поретко и пократко, бидејќи теренот ќе биде полн со радиоактивен јод, кој треба да се распадне во рок од девет дена. Освен јодот, закана се и радиоактивниот цезиум и стронциум, кои ќе останат активни со децении. Добро се впиваат во ткивото и трајно ќе ги загадат изворите за храна, а ветерот може да ги носи со илјадници километри далеку од експлозијата.

5. Внимателно распоредете ги своите резерви
Колку и да сте собрале резерви за случај на нуклеарна војна, порано или подоцна ќе треба да набавите уште.
Ако најдете резерви на храна во конзерви или алуминиумски пакувања, веројатно ќе бидат безбедни за јадење, ако пакувањето или конзервата не е оштетена.

Ако ловите диви животни, внимателно дерете ги и фрлете ги срцето, џигерот и бубрезите, во кои ќе се собираат радиоактивните честички. Не го јадете месото блиску до коските, бидејќи радијацијата се задржува и во коскената срж. Јадете растенија како компири и моркови. Бидејќи делот што се јаде е закопан под земја, поголеми се шансите да се помалку радиоактивни.

Отворените танкери за вода сигурно ќе бидат загадени. Идеално би било да имате пристап до подземен извор и или покриен бунар. Можете да направите и соларен дестилатор. Користете вода од реки и езера само ако немате друг избор. Направете природен филтер така што ќе ископате дупка од 30 сантиметри од брегот и земете дамо вода која се влева низ земјата. Потоа сварете ја за да ги уништите бактериите.
Некое време сигурно ќе има вода во зградите. Ако нема притисок, а веројатно нема да има, отворете ги славините на најгорниот спрат на зградата или куќата и потоа отворете ја славината во приземјето за да извлечете вода.

7. Зимски јакни, капи, ракавици, долги ракави – за да ги избегнете изгорениците од радијацијата. Редовно тресете ја облеката за да не се собираат на неа радиоактивни честички и перете ја ако имате со што.
8. Лечете ги изгорениците од радијацијата и топлината
Ако имате помали изгореници, натопете ги во вода додека болката не се намали. Ако дојде до појава на пликови, измијте ги со ладна вода, а потоа завијте ги со стерилна компресија. Никако не ги лупете пликовите.

Ако немате пликови, не ја покривајте кожата, туку само измијте ги изгорениците и намачкајте ги со вазелин или мокри облоги и сода бикарбона. Во најлош случај може да послужи и влажна земја.

Во случај на тешки изгореници, заштитете се од понатамошни загадувања. Ако облеката се залепила со изгорениците, внимателно исечете ја облеката околу нив, но не се обидувајте да ја откорнете ткаенината. Не ставајте никаква маст на раната, туку изгореницата измијте ја само со вода. Не ги превивајте раните со гази кои не се наменети за изгореници. Можете да користите пластична фолија.

Јутарњи лист – Загреб

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com