Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимСовети од доктор – што е хемиски пилинг и за какви лузни се препорачува

Совети од доктор – што е хемиски пилинг и за какви лузни се препорачува

Многу девојки и жени се соочуваат со проблеми со кожата.
Експертски совети од Д-р Коста Цветковиќ – дерматолог
Fem-Hydra
Хемискиот пилинг е метода која се користи за израмнување на кожата, нејзино подмладување, лупење на површниот мртов слој на клетки и замена со нов, помлад. Се користи за рамнење на површни брчки, за ослободување на порите во кожата, добивање млада, здрава кожа со природен тен.

Периодот на опоравување зависи примарно од типот и длабочината на хемискиот пилинг. Ако е длабок тогаш трае максимум 5 дена, а доколку е површен тогаш нема период на опоравување. Исто така доколку е користена трихлороцетна киселина, оштетувањето на кожата ќе биде поголемо за разлика од алфа хидрокси киселина. Пациентот се соочува со пецкање, црвенило и неудобност.

Сонцето негативно делува која е веќе третирана со некаков тип на хемиски пилинг. УВ зраците не помагаат во заздравувањето, туку напротив, ја доуништуваат младата, нова и кревка кожа. Негрижа од страна на пациентот може да резултира со црвенило и хипер/хипо пигментации. Во однос на тенот од сонце, пилингот ќе делува антагонистички и ќе го симне за да овозможи поздрава кожа да го замени.
woman_face_skin_problems
Хемискиот пилинг нема возрасна граница и може да го користат и млади и стари. Младите најчесто го користат за проблеми како акни, додека постарите за пигментни белези и брчки. Послаби, површни пилинзи се препорачуваат еднаш на два месеци, а длабоки пилинзи еднаш до два пати годишно. Бројот на третмани зависи од степенот на оштетеност на кожата. Поголеми проблеми како акни и брчки бараат поголем број на третмани.

Третманот само по себе дава одлични резултати, но секогаш е подобро кога комбинираното дејство на две различни методи ќе се примени на ист проблем. Така, со хемискиот пилинг најдобро оди микродермоамбразија. Дополнителниот пилинг уште подлабоко го чисти и мазни лицето.

Од лузни најдобар ефект на исчезнување има кај лузните од акни. За некои подлабоки лузни, само површниот слој може да исчезне и да се маскира, меѓутоа не целата лузна. Местата околу очите и белезите поврзани со нив се доста осетлива зона и бара посебна грижа која подразбира помал интензитет на пилинг супстанца и повнимателен пристап. По третманот се препорачуваат било какви креми и тоници кои би го смириле црвенилото и би ја негувале кожата од локалното уништување на површниот слој на кожата. Исто така се препорачува претпазливост кога се излегува на сонце.