Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСовет за безбедност: Подигнување ограда на границата, само во случај на намален проток на мигрантите!

Совет за безбедност: Подигнување ограда на границата, само во случај на намален проток на мигрантите!

На советот за безбедност кој, свикан од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, се одржа вчера во Вилата Водно, биле донесени повеќе заклучоци. На советот главни теми биле безбедносната состојба, и предизвиците од мигрантската криза. На состанокот од сите учесници била изразена најостра осуда за терористичките напади во Париз, и било искажано сочуство до граѓаните на Францускта Република. Во однос на прашањето на заканите од насилниот ектремизам и странските терористички организации, било констатирано дека институциите на Македонија редовно преземаат мерки и вршат меѓусебно информирање – стои во соопштението од Претседателскиот кабинет.

Службите за безбедност информирале за сите предизвици и потенцијални закани со кои е соочен регионот, но и за мерките што надлежните во државава ги преземаат во соработка со партнерските служби, а со цел спречување на идни напади. Утврдено било дека во однос на мигрантската и бегалска криза сите одговорни институции во Македонија постапуваат во согласност со Законот за управување со кризи.

Било утврдено Армијата на Република Македонија и Управувачкиот комитет да ги преземат сите потребни мерки во слуај да дојде до промена на ситуацијата, во однос на ескалации и можни ограничувања на протокот на мигрантите кон другите држави во Европа, кон кои тие се тргнати.

Заеднички заклучок бил дека доколку состојбата со проток на бегалци и мигранти покаже тренд на намалување во другите земји, Советот за безбедност усвоил дека АРМ и Управувачкиот комитет, како последна мерка на дејствување може да отпочнат со поставување на барикада од жица на местата за кои ќе се оцени дека тоа е потребно. Советот ја задолжил АРМ веднаш да ги започне сите подготовителни активности за расчистување и подготовка на теренот за евентуалното поставување на ограда. Понатаму, било потенцирано и дека поставувањето на таква ограда всушност не би било во насока на затворање на границата, туку одредено канализирање и ограничување на протокот, во согласност и координација со бројката на мигранти што ќе ја прифатат државите во Европа.

Сепак, ваквиот чекор, кој засега е само можност, би се преземал во краен случај, односно само доколку земјите кон кои се упатуваат мигрантите значително го намалат протокот и  на тој начин Република Македонија биде доведена во ситуација да се соочи со предизвикот за подолг престој на неконтролирана бројка на мигранти за која нема капацитет и можност да даде хуман третман.


Н.С