HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Soundcloud“ наскоро би можел да ги блокира сите миксови

„Soundcloud“ наскоро би можел да ги блокира сите миксови

Доколку користите „Soundcloud“ за да превземате ваши ди-џеј миксови, наскоро би можеле да се сретнете со големи ограничувања. „Digital Music News“ пренесува дека „Soundcloud“ потполно ќе ги блокира сите миксови кои не се потполно „чисти“, а тоа би можело да зафати околу 185 милиони активни корисници на овој стриминг сервис.

„Soundcloud“ веќе воведе рестрикции и за неколку познати ди-џеи, како што е на пример Морган Пејџ. Иако не се знае точната бројка за тоа колку всушност претплатници има „Soundcloud“, сепак се чини дека поголемиот број на ди-џеи и продуценти едноставно ќе мораат да се преселат на „iTunes“ и „MixCloud“.

Морган Пејџ

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com