Sound of Green Festival по четврти пат во Скопје
Најзелениот фестивал во Македонија повторно на репертоар – вечерва со почеток од 20 часот во летниот клуб Хавана започува “Sound of Green”,во организација на Пакомак и Пасворд продукција.
Вечерта ќе биде збогатена со звуците на Foltin, Eye Cue, June и Ivana Nizam.
Како и во изминатите години, така и оваа картите за влез ќе ги добиете во замена за три пластични шишиња од било која големина. Бидете еко-хумани, сите сте поканети на добра журка.