Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСостојба на патиштата во Македонија

Состојба на патиштата во Македонија

Според информациите од АМСМ, сообраќајот на патниот правец Струмица – с. Куклиш кој беше во прекин поради сообраќајна незгода е нормализиран за сиде видови возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Извор: АМСМ