Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСостојба на патиштата со најновите услови

Состојба на патиштата со најновите услови

Потсетување за возачите дека од 01.07. до 31.08. на државните патишта во Република Македонија има времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 15 тони. Забраната важи за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Од 01.07.2015 до 01.09 има времен режим на сообраќај на патниот правец А2 делница Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 7,5 тони.

Инаку според последните извештаи сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Теренските активности на патниот правец Превалец (Кочани) – Делчево продолжуваат да се одвиваат до 09.07.2015. Работите ќе се изведуваат од 06.00 до 19.00 часот. Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.