Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСостојба на патиштата

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

AМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

од 01.07.2015 година (среда) ке отпочне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонијасо кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Измената во временските интервали е следната: петок од 17.00-22.00 часот, сабота 09.00-18.00 часот и недела 09.00-22.00 часот, и оваа забрана се однесува за период од 01.07 (јули) до 31.08 (август) секоја тековна година.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот

Извор:АМСМ