HomeДЕНЕШНАПолитикаСостојбата во ССМ очајна – најоштетени ќе бидат работниците

Состојбата во ССМ очајна – најоштетени ќе бидат работниците

ssm-pretsedanici

Живко Митревски доби поддршка од своите српски колеги со образложение дека ова Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија прекршило бројни меѓународни документи посебно Европската социјална повелба и Конвенцијата на меѓународната организација на трудот бр.87 со која на синдикатите им се гарантира автономија. Дали неговите српски колеги знаат дека Митревски потпиша декларација со владејачката политичка партија и дека ги стави работниците во рацете на власта, наместо да се бори за нивните права? По ваквите случувања реагираше и министерството за труд и социјала.

„Во врска со написите дека синдикатите од Балканот се мобилизираат во поддршката на Живко Митревски и ССМ, Министерството за труд и социјална политика уште еднаш потенцира дека: Согласно со Уставот на Република Македонија и Законот за работните односи, заради остварување на своите економски и социјални права, работниците имаат право по свој слободен избор да основаат синдикати и во него да се зачленуваат, под условите пропишани со Статут нa синдикатот.

Правото на работниците, по свој слободен избор да основаат синдикат и во него да се зачленуваат, под условите пропишани со Статутот или правилата на тој синдикат е утврдено и во Закон за работните односи, според кој синдикатот е самостојна, демократска организација на работниците во која доброволно се здружуваат заради застапување, претставување, унапредување и заштита на своите економски, социјални и други поединечни и колективни интереси.

Поаѓајќи од овие уставни и законски одредби, Министерството за труд и социјална политика како надлежна институција, континуирано го поддржува и охрабрува секое синдикално организирање од страна на работниците и во таа смисла го воспоставува и негува социјалниот дијалог во Република Македонија.

Синдикатите на повисоко ниво, се запишуваат во Регистарот на синдикати кој се води во Министерството надлежно за работите од областа на трудот, а во истиот се регистрираат и сите промени на податоци кои настануваат во функционирањето на синдикатите.

Во претходниве неколку дена во јавноста имаше реакции во однос на шпекулациите кои се појавија околу промената на првиот синдикален претставник на Сојуз на Синдикати на Македонија Живко Митревски, а во тој контекст и пренагласен повик и злоупотреба на името на Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски.

Би сакале да Ве информираме дека како надлежно Министерство од областа на трудот, законски, професионално и без никакви предрасуди или приклонување кон ниедна од овие две страни кои се инволвирани во целата оваа постапка, ја извршуваме својата законски одредена обврска и истовремено ја информираме целокупната јавност, дека се дистанцираме од сите овие внатресиндикални превривања, кои од друга страна беа предизвикани и од односот на првиот човек на Сојуз на Синдикати на Македонија, кој во пред изборието потпиша Меморандум за соработка со партиски лидер.

Во оваа прилика информираме, дека согласно со Законот за работните односи, во Регистарот кој се води во Министерството за труд и социјална политика, врз основа на барање на синдикатите мора да се пријави секоја промена на називот на синдикатот, односно здружението на работодавачите, односно подружницата или друг облик на внатрешно организирање, седиштето, подрачјето на дејствување, називот на извршното тело, лицето овластено за застапување престанокот на дејствувањето, односно овластувањата во правниот промет.

Согласно со наведеното, произлегува дека законска обврска на Министерството за труд и социјална политика е да постапува и да ги реализира сите барања за промени поднесени од синдикатите на повисоко ниво, а кои се законски основани.

Постапувајќи по вакво барање Министерството ги достави до Централниот регистар на Република Македонија промените кои се извршени во Сојуз на Синдикати на Македонија, но се досега од страна на оваа институција, не е постапено по нашето барање, од што произлегува дека сеуште нема извршено промени во претседателската функција на Сојуз на синдикати на Македонија, што од друга страна го покренува и прашањето за непостапување во законски утврдени рокови на државните институции, согласно со надлежностите за кои се формирани.

Министерството за труд и социјална политика како и досега ќе си ја врши својата улога во поглед на синдикалното здружување, согласно со надлежностите кои и се дадени и понатаму е и ќе биде отворено за соработка со сите надлежни институции, а се со цел да се остваруваат правата на граѓаните на Република Македонија и се оградува од сите невистини и манипулации со кои се сака да се наштети како на институцијата Министерство, така и на институцијата Министер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com