HomeДЕНЕШНАЕкономијаСостојбата со Пензискиот фонд е неодржлива, алармира ММФ

Состојбата со Пензискиот фонд е неодржлива, алармира ММФ

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека досегашниот начин на исплата на пензии и пумпање на Пензискиот фонд со државни пари е неодржливо на подолг рок поради се послабите придонеси од активното вработеното население, како и континуираното зголемување на пензиите.

Стареењето, но и намалувањето на работоспособното население како и ниските стапки за придонеси се клучните причини поради што се влошува состојбата во фондот заклучуват монетарците по скенирањето на фискалните и економски состојби во земјава. Предупредуваат дека ако не се спроведат реформи пензискиот дефицит ќе се зголеми двојно до 2030 година, информира 24 вести.

penzioneri

Претходно и Светска банка посочи за лошата состојба во која се наога пиом. Дури  45 % од парите се префрлаат од буџетот кон  фондот за да исплаќаат пензии. Ако во 2008 од буџетот кон ПИОМ се префрлаа 165 милион евра,  годинава за таа намена се исплатени 432,6 милиони евра, а за догодина сумата сз големува и од буџетот кон пиом ќе бидат префрлени 452,5 милиони евра.

Една од причините за влошената состојба на пиом според светска банка се субвенционираните вработувања, модел преку кој  работодавецот е ослободен од плаќање придонеси. А, анализите покажале дека  дури  89 % од новоотворените работни места се со државна помош.

Владата од декември повторно ќе ги зголеми пензиите за 5% што значи дека догодина дупката во фондот ќе се зголеми за нови 30-тина милиони евра. Експертите веќе предупредија дека постојаното зголемување на пензиите нема економска оправданост, туку е во функција на предизборен маркетинг. Сепак, овој маркетинг може скапо да ги чини идните генерации и пензионери и тоа веќе на среден рок.

Извор: 24vesti.mk
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com