Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСосетка на терористот од Лондон: Беа тивко семејство, а потоа одеднаш исчезнаа

Сосетка на терористот од Лондон: Беа тивко семејство, а потоа одеднаш исчезнаа

Откако Скотланд Јард го открил идентитетот на мажот кој го изврши терористичкиот напад во Лондон, за „Guardian” веќе се јавила жена која тврдела дека станува збор за нејзин сосед.

Ивона Ромек живее во Бирмингем каде што полицијата спровела рација, а осомничениот напаѓач Халид Масуд го препознала на фотографијата на која брзата помош му давала медицинска помош додека лежел на носилка, пред да биде објавен неговиот идентитет.

Госпоѓата Ромек (45) живее и работи во Бирмингем 12 години, а напаѓачот го опишала како татко и сопруг кој бил страствен градинар кој живеел со сопругата и малото дете.
London+attacker_e70a2f_6214895

Бев многу шокирана од се`. Тие беа фино семејство, многу затворено. Тој беше многу мирен. Кога ја видов фотографијата на телевизија веднаш знаев дека станува збор за мажот кој живееше тука. Имаше млада жена од Азија и мало дете кое одеше во училиште“, раскажала госпоѓа Ромек, пренесува „Guardian”.
Семејството се преселило од соседството пред неколку месеци, некаде околу Божиќ, а во куќата во која живееле сега имало нови станари. Во текот на денешниот ден пред куќата било паркирано полициско комби.

-Беше добар човек. Го гледав како ја уредува својата градина. Никогаш немаше проблеми со него. Околу Божиќ семејството наеднаш си замина, без поздрав- раскажала шокираната сосетка.

Ромек ја опишала и полициската рација во куќата по нападот.

-Слушнав гласно викање и тропање. Им викаа на луѓето да ја отворат вратата. Беше по малку страшно. Над нас имаше хеликоптер, а дојдоа и луѓе во бели одела- раскажала таа.