HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСосема различен албум на групата „OneRepublic“

Сосема различен албум на групата „OneRepublic“

Членовите на групата номинирана за Греми „OneRepublic“, најпознати по хитот „Counting Stars“, им ветија на обожавателите потполно различни песни од оние кои можеа да ги слушнат до сега на својот предстоечки, четврти студиски албум. Фронтменот на оваа група Рајан Тедер откри дека нивната инспирација лежи токму во тоа што нивната музика не се повторува, туку дека постојано се впуштаат во нови и различни авантури.

Американскиот поп-рок состав, кој неодамна се најде во Лондон на фестивалот „Apple Music Festival“, својот албум „Oh My My“ својот албум ќе го објави на 7 октомври. „На албумот има многу песни со кои влеговме во потполно нови територии. Некои нумер потсетуваат на француски техно, брзи се, а имаме и две балади“, додава Тедер. Бендот е еден од 10 хедлајнери, покрај Роби Вилијамс и Бритни Спирс, кои престојуваат во Лондон по повод музичкиот фестивал кој завршува на 30 септември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com